Членовите на Локалниот совет за превенција и безбедност учествуваа на онлајн информативно-едукативна работилница
Вчера, во организација на Здружението на граѓани „Медиа плус“, а во соработка
со Општина Гевгелија, во рамките на проектот „Здружени сме посигурни и побезбедни“, се одржа онлајн информативно-едукативна работилница за Локалниот совет за превенција и безбедност преку платформата „Zoom“.
Во рамките на работилницата, се обработија теми за зголемена соработка со граѓаните и граѓанскиот сектор и законската рамка за делување на телото и надлежностие на Локалниот совет за превенција. Покрај членовите на Локалниот совет, на работилницата учествуваа и претставници на граѓанските организации од Гевгелија.
Проектот „Здружени сме посигурни и побезбедни“ се спроведува во 8 општини: Штип, Свети Николе, Битола, Струга, Карпош, Гостивар, Гевгелија и Крива Паланка и е во функција на засилување на соработката на граѓаните и граѓанските организации со Локалните совети за превенција и безбедност. Целта е да се придонесе за зголемено граѓанско учество што ќе има за резултат поуспешно решавање на проблемите на граѓаните.
Проектот е поддржан од „Цивика мобилитас“, програма на Швајцарската агенција за развој и соработка која ја спроведуваат: НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка и ФЦГ од Шведска.