Продадени 8 градежни парцели за домување, а на јавното наддавање една парцела во „Караорман“ достигна цена од 3000 денари за метар квадратен
На последната јавна објава за продажба на градежни парцели
за семејно домување беа продадени сите 8 градежни парцели. За петте парцели во станбената населба „Караорман“ во Гевгелија имаше најголем интерес - за секоја од парцелите се јавија по 25 наддавачи. Токму и затоа, парцелите чија почетна цена изнесуваше 60 денари за метар квадратен, на електронското јавно наддавање достигнаа цена од 1.000 до 3.000 денари за метар квадратен. Притоа, една градежна парцела во населбата „Караорман“ беше продадена за 3.000 денари за метар квадратен.
Во станбената населба кај поранешна Касарна на продажба беа понудени 3 градежни парцели кои, исто така, предизвикаа интерес кај наддавачите. На електронското јавно наддавање беше постигната цена од 1.100 денари за метар квадратен.
Јавното наддавање за една градежна парцела за изградба на објект од лесна индустрија кај поранешна Касарна е закажано за 11 ноември, 2020 година, со почеток во 10:00 ч, на веб-страницата: www.gradezno-zemjiste.mk.