Одбележувањето на 7 Ноември- Денот на ослободувањето на Гевгелија, годинава, со скратена програма поради пандемијата од КОВИД-19
Поради пандемијата од КOВИД-19, годинeшната програма
за одбележување на 7 Ноември- Денот на ослободувањето на Гевгелија ќе биде значително скратена и прилагодена на протоколите за примена на заштитните мерки. Oпштина Гевгелија со дводневна пригодна програма ќе го одбележи чествувањето на 76-годишнината од ослободувањето на Гевгелија:
На 6 ноември (петок), со почеток во 12 часот, кај Препумпната станица, во станбената населба „Караорман“ во Гевгелија, ќе биде предадена во употреба новата водоводна и канализациона линија.
На 7 ноември (сабота), со почеток во 11 часот, ќе биде положено цвеќе на Спомен костурницата во Гевгелија.
Истиот ден, со почеток во 12 часот, ќе се одржи Свечена седница на Советот на Општина Гевгелија, на која се очекува да се обрати Градоначалникот на општина Гевгелија.
На седницата ќе бидат доделени и благодарници на поединци и институции за придонесот во справувањето со пандемијата од КОВИД-19 и заштитата на здравјето на граѓаните.