Градоначалникот Поцков ги додели стипендиите за стручно оквалификување по програмите на СВАМ
По извршената селекција на кандидатите кои аплицираа
за стипендиите по програмите на „Спа и Велнес Асоцијацијата на Македонија“, градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, им ги додели стипендиите на двете кандидатки од Гевгелија кои ги исполнија критериумите: Mатилда Ризова и Ивана Костадинова за програмата Спа-терапевт.
По доделувањето на стипендиите во просториите на Пионерскиот дом, двете кандидатки почнаа да го посетуваат ноемврискиот циклус на обуки за бесплатно оквалификување по програмата Спа-терапевт, кои ги изведува професионалниот обучувач Александар Мендов. По завршување на обуката, на секој кандидат му се нуди можност за отварање на сопствен бизнис, или вработување во домашни и странски компании партнери на СВАМ.
Конкурсот за 4 стипендии по програмите на СВАМ за Масер за козметичка, велнес и спа- масажа и Спа-терапевт, Oпштина Гевгелија го објави, врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка со невладината Спа и Велнес Асоцијација на Македонија, Со ваквата соработка Општина Гевгелија го поттикнува стручното оквалификување на одредени профили на стручни кадри, кои во моментот се барани на пазарот.