Граѓаните преку веб-платформата на Општина Гевгелија можат да учестуваат во креирањето на Буџетот за 2021 година
Општина Гевгелија изработи веб-платформа, на коja граѓаните од градот и населените места
имаат можност да учествуваат со своите: идеи, предлози и потреби да учествуваат во креирањето на Буџетот на Општина Гевгелија за 2021 година.
Граѓаните можат да учествуваат во креирањето на Буџетот на Општина Гевгелија за 2021 година со пополнување на анкетниот прашалник на следниов линк: Граѓанско учество во креирање на Буџетот на Општина Гевгелија за 2021 година.
Aнкетниот лист се состои од кратки прашања за полот, возраста, населеното место и предлози за одредена област: комунална и патна инфраструктура, улично осветлување, животна средина, образование, култура, спорт и млади и сл.
Анкетниот лист може да се најде и на веб-страната на Општина Гевгелија.