Со скратена програма, одбележан Патрониот празник на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија
OОУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, денеска ја одбележува
77- годишнината од Патрониот празник. Поради пандемијата од КОВИД-19 и комбинираниот модел на настава (со физичко присуство за учениците од 1 до 3 одделение и онлајн-настава за учениците од 4 до 9 одделение), овогодинешната програма за одбележување на Патронот е скратена. Видео-материјалот од пригодната програма ќе биде поставен на официјалната Фејсбук-страна на Училиштето.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, по повод Патрониот празник на ООУ „Владо Кантарџиев“, упати честитка, во која истакна:
Почитуван колектив на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, почитувани ученици и родители,
Особена чест и задволство ми е да ви ја честитам 77-годишнината од Патрониот празник на училиштето. Драго ми е што и во услови на пандемија кога сите културни настани се одвиваат во поинакви услови, различни од оние на кои бевме навикнати, вие ја покажавте вашата волја за работа и успеавте преку онлајн-активности да го одбележите Патронот на училиштето!
Изразувам голема благодарност до: наставниците, учениците и родителите за нивната истрајност и упорност во борбата со новонаметнатите правила на учење од Корона-пандемијата, за вашиот труд и меѓусебно поддржување во непречената реализација на наставата!
Уште еднаш, ви го честитам Патрониот празник со надеж дека следната година во сите училници ќе бидат исполнети клупите, ќе се врати детскиот џагор во училиштето, а Патрониот празник ќе биде одбележан онака како што доликува, пред публика.