Oдржана онлајн-Јавната расправа по студијата за оценка на влијанието врз животната средина за проектот „Интерконективен гасовод Северна Македонија-Грција
Вчера, на интернет-платформата Zoom, се одржа онлајн-Јавна
расправа по студија за оценка на влијание врз животната средина за проектот „Интерконективен гасовод Северна Македонија-Грција“ во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање организира.
На јавната расправа учествуваа претставници на Месните заедници, низ кои поминува трасата на интерконективниот гасовод: Прдејци, Миравци и Смоквица, претставници на Општинската администрација и претставници на стопанските фирми и невладините организации.
Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за изведување на проектот: „Интерконективен гасовод Северна Македонија - Грција“ е доставена од страна на инвеститорот Акционерско друштво за вршење на енергетски дејности „Национални Енергетски Ресурси“ до Министерството за животна средина и просторно планирање и истата е достапна за увид на веб-страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk).
Инаку, со проектот ќе биде проектирана и изградена примарната гасоводна мрежа која предвидува внесување на гасот од Грција и негово транзитирање до мерните регулаторни станици на секоја од четирите општини: Гевгелија, Богданци, Демир Капија и Неготино.