2000 брзи серолошки тестови за КОВИД-19 за Општа болница- Гевгелија
Во Општа болница со проширена дејност- Гевгелија пристигнаа 2000
брзи серолошки тестови за КОВИД-19, дистрибуирани низ болниците во државата од страна на Министерството за здравство на РСМ. Како што истакна директорот на Општа болница- Гевгелија, д-р Митко Крџев, со овие серолошки тестови за КОВИД-19 се детектираат анти-гени како резултат на претходен контакт со Корона вирусот. Тестирањето се врши со земен примерок од крв, а резултатите се добиваат за 15 минути.
- Гевгелиската Општа болница доби доволен број од брзите серолошки тестови за КОВИД-19. Овие тестови се прават преку крвта и со сигурност не ја потврдуваат болеста, туку докторите ги користат ориентациски. Дел од брзите серолошки тестови им ги дистрибуиравме на сите матични лекари, а дел се наоѓаат и во лабораторијата на КОВИД-центарот, со цел да ја избегнеме гужвата што се создаваше пред лабораторијата.
Што се однесува до изградбата на модуларниот КОВИД-центар, Општина Гевгелија ги заврши подготвителните работи што се однесуваат на подготвување на локацијата и обезбедување на инфраструктурната инсталација. Од страна на изведувачот, треба да почне транспортот и поставувањето на модуларните. Веднаш потоа, ќе уследи и поставување на опремата веќе набавена од страна на Министерството за здравство.