Поцков присуствуваше на часовите по Македонски јазик и Општество во ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија
Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков,
денеска, беше во работна посета на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, каде што имаше можност да изврши увид во реализацијата на онлајн-наставата и наставата со физичко присуство. Поцков присуствуваше на онлајн-час во 6 одделение по предметот Македонски јазик и на еден час со физичко присуство во 1 одделение по предметот Општество.
Од почетокот до крајот на часот по Македонски јазик, Градоначалникот го следеше текот на часот по новонаметнатите правила за реализација на онлајн- наставни часови во времетраење од 30 минути, пропишани од Министерството за образование. При посетата на часот кај првачињата, Градоначалникот се задржа сосема кратко, поздравувајќи ги учениците и посакувајќи им успешна работа, поради почитување на мерките пропишани во протоколот за реализирање настава со физичко присуство.
По присуството на часовите и разговорот со директорот на Училиштето, Кети Аврамчева, Градоначалникот резимираше дека онлајн-наставата во гевгелиското училиште се одвива со помали технички проблеми кои тековно се надминуваат. Додека наставата со физичко присуство се одвива без проблеми, со доследно почитување на протоколите за реализација на ваквиот тип настава и доследна примена на мерките за заштита од КОВИД-19. Поцков упати пофалби до наставниците, не само од ова училиште, туку и до наставниците од сите училишта во општината за нивниот максимален вложен труд и нивната воспитно-образовна работа за време на КОВИД-пандемијата.
Инаку, во ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, наставата за учениците од прво до трето одделение се реализира со физичко присуство, а за учениците од 4 до 9 одделение наставата се реализира онлајн.