Претседателот на Националното собрание на Турција, Шентоп, ги најави инвестициите во ТИРЗ „Прдејци“
Претседателот на Големото национално собрание на Турција,
Мустафа Шентоп, при дводневната посета на Република Северна Македонија, ги најави инвестициите во новата инвестиционо-развојна зона „Прдејци“ кај Гевгелија. На средбата со новинарите од земјата, Шентон истакна дека соработката меѓу двете земји е во духот на традиционалното пријателство и партнерство, сметајќи дека државата претставува пример за соживот во мир и благосостојба како мултикултурна, мултирелигиозна земја.
Притоа, нагласи дека е горд на семејните корени кои потекнуваат од Гевгелија, нагласувајќи ја заинтересираноста на турските инвеститори за слободната економска зона, бидејќи Гевгелија се наоѓа на една многу стратешка точка, на рутата на патот од Турцја кон Европа и е пристапно место.
- Вчера, на средбата со премиерт Заев се договоривме и наскоро ќе имаме конкретни резултати и многу сме среќни поради тоа. Ова ќе биде импулс да се забрзат инвестициите на турските бизнисмени во земјава, нагласи Шентоп, продолжувајќи:
- Mакедонија ја сметаме како братска и пријателска земја. Нашата цврста економска соработка, со тоа што турските компании ќе инвестираат во Македонија, нуди сериозен потенцијал на вработување.
Пред една година, претседателот на Големото собранието на Република Турција, Мустафа Шенто, на свеченоста што се одржа во кругот на Балканскиот универзитет во Скопје, свечено му ги предаде на градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, клучевите од камионот за комунален отпад. Имено, Заедницата на турските општини од Анкара и донираше на Општина Гевгелија камион за дистрибуција на комунален отпад Форд-карго. Претходно, Мустафа Шентоп, кој инаку потекнува од Мрзенци, Гевгелиско, при јулската посета на на Гевгелија ја најави донацијата.