Општина Гевгелија меѓу десетте општини со највисок приход по глава на жител
Општина Гевгелија се наоѓа меѓу десетте општини
во земјата со највисок приход по глава на жител во 2019 година.Тоа го покажува новото истражувањето на Центарот за економски анализи. Висината на сопствените приходи на единиците на локална самоуправа по жител во минатата година во просек на национално ниво изнесуваат 6.441 денари. Највисоко на листата општини со просечни сопствени приходи е општина Новаци со 16.345 денари по жител, потоа, следуваат општина Македонска Каменица (15.321 д.) и Општина Центар (14.405 д.)
Општина Гевгелија се наоѓа на десеттото место со 6.698 денари сопствени приходи по жител во 2019 година. Ако се имаат предвид последиците од пандемијата на гевгелиската економија нема сомневање дека просекот на сопствените приходи во општина Гевгелија во 2020 година е намален. Бидејќи најголеми штети се предизвикани во туризмот и угостителството, како и услужните дејности, каде што и сопствените приходи се најкарактеристични.