Гевгелиското Архиерејско намесништво апелира до граѓаните за одговорно празнување на претстојните празници
Согласно донесените заклучоци на последната седница
на Општинскиот штаб за заштита и спасување- Гевгелија, препораките на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести и донесените одлуки на МПЦ, Гевгелиското Архиерејско намесништво апелира до граѓаните на општина Гевгелија божиќните и богојавленските празници да се прославуваат со одговорност, без отстапување од ограничувањата за јавни собири.
Во храмовите верниците да ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19, носење маска и одржување на потребната физичка дистанца. Според насоките од МПЦ, оваа година богојавленското осветување на водите ќе се одржи во кругот на црковните објекти.
- Запазувајќи ги овие мерки, како Црква ќе придонесеме за зачувување на општото здравје на нашиот народ, во овие тешки времиња кога целиот свет е исправен пред предизвикот да се избори против опасниот вирус, истакнуваат од САС НА МПЦ-ОА.