Новогодишни пакетчиња за децата од социјално-ранливите категории и децата со посебни потреби
Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот
на Општина Гевгелија, Сашо Поцков, им додели новогодишни пакетчиња на 40 деца од социјално-ранливите семејства, како и на штитениците во Дневниот центар за деца со посебни потреби во Гевгелија. Традиционално, на штитениците во Дневниот центар „Мајка Тереза“, Градоначалникот им додели дезинфекционен пакет и овошје.
Поцков организираше и хуманитарна акција за доделување на 130 пакета со прехранбени производи и средства за лична хигиена на лицата од социјално-ранливите категории. Во акцијата, 100 корисници на социјални услуги, според евиденцијата на ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, им беа доделени пакети, додека 30 пакети беа доделени за хуманитарната акција која ја организираат МПЦ „Свети Кирил и Методиј“ и „Свети Спас“.