За комунална инфраструктура вложени 9.687.154 денари
Oпштина Гевгелија, во 2020 година, вложи 9.687.154 денари
за изградба на комунална инфраструктура. Од вкупните средства, со 2.513.932 денари се изградија фекална канализациона линија во должина од 1.013 метри и нова водоводна мрежа со препумпна станица во населбата „Караорман“ во Гевгелија. Со оваа инвестиција, жителите добија вода за пиење и канализирање на отпадните води, а со тоа беше решен еден од основните комунални проблеми на жителите кои пред 10 години платиле комунален надомест.
Останатите 7.173.222 денари се искористени за иградба на фекален колектор со прочистителна станица за отпадни води во населеното место Моин, од кои 2.450.615 денари беа обезбедени од Бирото за регионален развој и Министерствотото за локална самоуправа, додека поголемиот дел од средствата беа обезбедени од Општинскиот буџет.
Општина Гевгелија со овој проект аплицираше на објавениот јавен повик, по што беше распишан тендер и за најповолен изведувач беше Друштвото за производство и промет на големо и мало ТУРБОИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје. Со изградбата на фекалниот колектор со прочистителна станица во Моин се заокружи целосно канализациониот систем во ова населено место, каде што претходно беше изградена канализациона мрежа.