И оваа година, третирањето против комарци ќе биде во рамките на ЈИПР
Вчера, се одржа 25 седница на Советот
за развој на Југоисточниот плански регион, преку електронската апликација Zoom, на која присуствуваше и градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, заедно со останатите 9 Градоначалника на општините од југоистокот. На седницата се донесе Одлука за заемна активност на општините за третирање против возрасни комарци во 2021 година на територија на општините од ЈИПР. И оваа година, како и минатата, ќе бидат извршени две ларвицидни прскања и 3 прскања против возрасни комарци по земјен пат.
Покрај ова, на 25 седница се заседаваше и по други точки.