Нема бојкот на наставата во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија
- Наставата во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија
уште од првиот ден, од второто полугодие започна без бојкот и досега се реализира успешно. Матурантите, односно учениците од 4 година, редовно присуствуваат следејќи ја наставата преку електронската платформа. Што се однесува до изведувањето практична настава, поради пандемијата, неа ја извршуваат во училиштето само учениците од машинската струка, додека оние ученици од угостителско-туристичката праксата ја изведуваат онлајн, истакна директорот на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија. За надминување на техничките проблеми кои се непредвидливи, се комплетираше опремата која им е потребна на наставниците за реализација на онлајн-наставата.
Аврамов нагласи дека во училиштето е извршено и реновирање на неколку училишни простории, а сите училници се опремени со звучници, како би можело да се користи разгласната станица откако ќе се стабилизира ситуацијата со пандемијата и ќе се врати наставата со физичко присуство.
Според извештајот, онлајн-наставата во СОУ „Јосиф Јосифовски“ ја следат 697 ученика.