ТППЕ- Гевгелија со нова опрема за спасување при елементарни непогоди и тешки сообраќајни незгоди
Дирекцијата за заштита и спасување од Скопје
на ТППЕ- Гевгелија и додели 1 сет спасувачки систем и подигање при елементарни непогоди (земјотреси) и комплексни сообраќајни незгоди и 1 сет воздушни перници за подигање на товар при несреќи и рушевини и рачен батериски алат. Примопредавањето на опремата беше извршено во просториите на Дирекцијата за заштита и спасување во Скопје, на 5 февруари, 2021 година, од страна на директорот Беким Максути.
Со доделената опрема ТППЕ- Гевгелија значително го зголеми својот капацитет на инструменти за соодветно извршување на работните задачи во кризни ситуации. Командирот на ТППЕ- Гевгелија, Игор Ризов, упати благодарност до Дирекцијата за заштита и спасување за доделената опрема, со која отсега понатаму гевгелиските пожарникарите ќе располагаат со потребните реквизити при спасувачките акции, што досега ги немале на располагање.
Ваква опрема добија 14 територијални противпожарни единици во состав на Републичките сили за заштита и спасување, од средствата наменети за купување опрема за пожарникарите.