Донација од 20 лаптопи за учениците од ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци
ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци доби нови 20 лаптопи
за учениците, донација од младиот брачен пар Благица и Иван Самаров. Претходно, во ноември, 2020 година, парот Самаров во Училиштето донираше и 20 таблети. Станува збор за двајца хуманитарци, по потекло од Македонија, а живеат во Америка. Благица Самаров, родена Бурова, е поранешен ученик во ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци, а денес успешен лекар. Додека, нејзиниот маж, Иван Самаров, родум од Радовиш, е сопственик на фирмата за камиони Carrier One.
Двајцата велат дека алтруизмот како вистинска животна вредност го стекнале во основните училишта, па својата благодарност за тоа што денес се луѓе во вистинската смисла на зборот, ја искажуваат преку овој гест, во време на пандемија, со донирањето на лаптопи и таблети во училиштата каде што завршиле основно образование, во Негорци и Радовиш.
Директорката на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци, Жаклина Линкова, изрази голема благодарност до нејзината поранешна ученичка и нејзиниот сопруг за нивната солидарност, истакнувајќи:
- Благица и Иван се пример за солидарност во ова време-невреме кој треба да го следи секој човек што ги сака детската насмевка и нивните исполнети срца. Да бидеш хуман, значи да бидеш човек во вистинска смисла на зборот, вредност која облагородува, а уште повеќе кога тоа предизвикува радост и среќа на детското лице. Ние сме горди затоа што нашите поранешни ученици, денес успешни во својата професија, не гi заборавија Училиштata, каде ги научија вистинските вредности.