Издвоени 7.500.000 денари од Општинскиот буџет за реализација на спортски активности
Годинава, поради пандемијата од КОВИД-19,
Програмата за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2021 година е скратена. Со намален Буџет во висина од 7.500.000 денари, Советот на Општина Гевгелија, на последната седница, ја усвои Програмата. Со предвидените средства од Општинскиот буџет ќе бидат поддржани 30 здруженија, клубови и спортисти од областа на фудбалот, кошарката, ракометот, тенисот, ателтиката, карате, планинарство и сл. И тоа, за активности на: локален, регионален, национален и меѓународен карактер.
Локалната самоуправа преку соодветни форми презема активности за поттикнување, развој и обезбедување услови се со цел да се одржува континуитетот на спортските активности во општина Гевгелија, како за спортистите, така и за публиката. Притоа, водејќи сметка и за почитување на протоколите за реализирање спортски активности за време на пандемија.