Патролните екипи на терен за контрола на спроведувањето на мерките за заштита од КОВИД-19
Согласно донесените заклучоци на
Општинскиот штаб за заштита и спасување- Гевгелија, во тек се постапувањата на овластените субјекти за контрола на почитувањето на мерките за заштита од КОВИД-19. Имено, од петокот наваму, патролните екипи составени од: Општинката инспекција, ОВР- Гевгелија, Државен инспекторат, Трудова инспекција и членови на Советот на Општина Гевгелија се на терен, вршејќи контрола на угостителските објекти, обложувалниците, клубовите со автомати за игри на среќа и економските субјекти. При контролата, во неколку супермаркети и угостителски објекти забележани се отстапки од наложените мерки на Општинскиот штаб за заштита и спасување- Гевгелија и Владата на РСМ, по што истите субјекти се предупредени доколку не ги спроведуваат протоколите за заштита од КОВИД-19, ќе бидат соодветно санкционирани.
Општински екипи ги оградија детските игралишта, паркови и туристичко-рекреативни зони со ленти. При надзор, забележано е дека лентите се отстранети. Општина Гевгелија апелира до граѓаните, посебно до младата популација- малолетните деца и нивните родители да ги почитуваат мерките досени од страна на ОШЗС, за негрупирање и собирање на јавни места. Доколку, патролните екипи забележат непочитување на ваквата мерка од страна на помпладата популација, ќе бидат преземени соодветни сакнции.
Останатите мерки што ги донесе ОШЗС, остануваат да важат во сила. Градскиот пазар ќе продолжи со продажбата на земјоделски и текстилни производи, но само за продавачи од општините: Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран. Движењето да се одвива само на еден влез, а продавачите и купувачите доследно да ги применуваат заштитните мерки. ЈПКД „Комуналец“ ќе продолжи со редовната дезинфекција на улиците и јавните површини во градот и во сите населени места.