Поцков за ТВ „24“: „Ескалира состојбата во општина Гевгелија со КОВИД-19“
Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков,
гостуваше онлајн во отвореното „Студио 10“ на ТВ „24“, каде информираше за моменталната состојба со КОВИД-19 во општина Гевгелија и за мерките донесени на последната седница од страна на Општинскиот штаб за заштита и спасување. Во своето обраќање истака дека поради непочитување на препораките, особено од помладата популација поради групирањето, состојбата во Гевгелија ескалира. Со тоа што возрасната граница е намалена и заболени од КОВИД-19 се сè повеќе млади луѓе.
- Изминатите денови, состoјбата ескалираше и тоа беше повод итно да се свика Општинскиот штаб за заштита и спасување и да се донесат поригорозни мерки. Строгите контроли се вклучени, но сметаме дека по завршувањето на работата на кафичите и рестораните, потребен е полициски час за да не дојде до вакви собирања и да се намали трансмисијата. Возраста на заразени е намалена, односно 30 отсто од хоспотализраните се на возраст од 20-30 години. Евидентно е дека британскиот сој е присутен во Гевгелија. Ова се должи на недисциплината на младата популација и собирање на јавни површни.
Во врска со состојбата во локалниот економски развој, Поцков истакна дека економијата во Гевгелија стагнира поради лошата епидемиолошка слика и затвореноста на границата со соседна Грција. Бидејќи, локалниот економски развој, воглавно во услужните дејности, се темелеше на протокот од грчките државјани.