Распишан јавниот оглас за доброволно пријавување на учесници во Патриципативно тело
Oпштина Гевгелија распиша јавен оглас
за доброволно пријавување на учесници во Партиципативно тело кое ќе делува во работата од областа на урбанизмот. Јавниот оглас ќе трае од 15.03.2021 до 15.04.2021 година или 31 ден, сметано со денот на објавување на веб-страната на Општината. Во текот на јавниот оглас, заинтересираните физички лица можат да се пријават во писмена форма преку писарницата на Општината како претставници на: невладини организации од различни сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти, како и граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и други стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на градот.
За доставените пријави подносителите ќе бидат известени во писмена форма, во рок од 15 работни дена по истекот на рокот за доставување пријави. Јавниот повик е објавен на веб-страната на Општина Гевгелија, www.gevgelija.gov.mk и на огласната табла во Општината.
Врз основа на член 46 став (3) од Законот за партиципиенти во Партиципативното тело се избираат од:
· членови на Комисијата за урбанизам на Општина Гевгелија;
· стручните лица вработени во правното лице што го изработува урбанистичкиот план;
· претставници од урбаните и месните заедници;
· претставници на невладини организации од различни сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти;
· стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и други стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на градот и
· нивното учество е на доброволна основа.
Партиципативното тело има консултативна улога преку пренесување на ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ги разгледува планските програми во фаза пред истите да му бидат предложена на Градоначалникот за одобрување, ги разгледува планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија, исто така го разгледува и урбанистичкиот план во фаза на урбанистичко планско решение пред да биде даден на стручна ревизија.
Работа на партиципативното тело е јавна, а начинот на работа ќе биде уреден во Деловникот за работа на Партиципативно тело на Советот на Општина Гевгелија бр. 09-196/1 од 29.01.2021 година