Комплетиран бројот на реонски попишувачи и инструктори
Денес, се спроведе тестирање на кандидатите за
реонски попишувачи кои се јавија на повторениот оглас. Од 41 пријавен, на тестирањето се јавија 33 кандидати и сите го положија тестот. Со тоа, комплетиран е бројот на реонски попишувачи и реонски инструктори кои ќе бидат ангажирани во Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 на подрачјето на Пописниот реон 11, кој ги опфаќа општините Гевгелија и Дојран.
Во пописот теренски ќе бидат ангажирани вкупно 106 лица. Од нив 88 како реонски попишувачи, 9 во својство на реонски инструктори и 9 лица како задолжителна резерва. Од утре започнува предавањето на материјалите, односно опремата на реонските инструктори, за кои во среда, четврток и петок ( 24,25 и 26 март) ќе се одржи обука. Реонските попишувачи со опремата ќе бидат задолжени на 27 март, а обуката за нив ќе се одржи на 28, 29 и 30 март.
Имајќи ги предвид податоците од последниот одржан попис во нашата држава (2002 год.), од 1 до 21 април, на подрачјето на Пописниот реон 11 треба да се попишат околу 25.000 граѓани, над 8.000 домаќинства и скоро 12.000 станови.