Стабилна безбедносната состојба на подрачјето на Гевгелија во 2020 година
ПС- ОН Гевгелија оцени дека во текот на 2020 година
е стабилна безбедносната состојба на подрачјето кое го покрива од аспект на јавниот мир и ред. И тоа, врз основа на пријавените настани, последиците од настаните и постапувањето на службите по истите. Според извештајот, не биле регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир од поголем обем или пак нарушувања на јавниот ред и мир кои можат да ја вознемират јавноста и да предизвикаат загриженост по личната безбедност на граѓаните и нивниот имот. За разлика од 2019 година, оценето е дека состојбата во 2020 година е подобрена и од аспект на структурата на прекршоците.
Во текот на 2020 година, вкупно се регистрирани 38 нарушувања на јавниот ред и мир, а при расчистување на овие нарушувања се констатирани 416 прекршоци за непостапување по Одлуката на Владата на РС и по Законот за заштита на населението од заразнни болести поради неносење лична заштита на лицето (маска, марама или шал, бандана и сл.)
Против сторителите, согласно интервенирањето и документирањето од страна на службите, преземени се соодветни мерки по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, односно се поднесени барања за поведување прекршочна постапка до Основен суд- Гевгелија и Одделението за прекршоци- Гевгелија. Што се однесува на прекршоци со елементи на насилство, не се регистрирани делувања на насилници или група која од полицијата не може да се контролира.