Македонските иселеници ќе добиваат редовни информации за случувањата во општина Гевгелија
Денеска, градоначалникот на општина Гевгелија,
Сашо Покцов, оствари работна средба со директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, Слободан Близнаковски. Целта на средбата беше спроведување на проектот на Агенцијата преку кој иселениците од Ребулика Северна Македонија ќе добиваат редовни информации и активности на Општина Гевгелија од областа на сите сфери во делувањето. Посебно, за локалниот економски развој и можните инвестирања во општината.
- Ваквиот начин на соработка помеѓу двете институции е одлична можност за презентирање на поволните услови во Гевгелија, со цел да се привлечат иселениците да инвестираат, посебно, во ТИРЗ „Прдејци“, во која се предвидени 23 нови инвестиции и работна сила од над 4.000 лица. Но, и можност преку редовните информации од која било сфера, македонските иселеници во кои било земји да се чувствуваат поблиску до родната земја и родниот град, истакна Поцков, прифаќајќи ја соработката со Агенцијата за иселеништво.
- Официјалната веб-страна на Агенцијата за иселеништво на РСМ ќе биде еден вид агрегат со информации од сите области, преку која ќе се настојува иселениците да бидат редовно информирани за актуелностите во Република Северна Македонија, односно за информации од локален карактер, истакна Близнаковски.