Младите од општина Гевгелија запознати со мерките и програмите за вработување
На тема „Активни мерки и програми за
вработување на млади од новиот Оперативен план“, беше одржана информативна онлајн-средба, на која учествуваа: млади, средношколци, претставници на здруженија и фондации од општина Гевгелија. Од страна на Виолета Стојановиќ, претставник од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија“, присутните беа запознаени со мерките и програмите за вработување на младите, за начинот како да ги искористат истите и каде да се обратат за поголема информираност.
Средбата се реализираше во организација на Центарот за поддршка на НВО- Гевгелија, кој учествуваше во проектот „Поддршка на изборни реформи“ на Швајцарската амасада / Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементиран од ИФЕС и НМСМ.