Изработка на студија за ТИРЗ „Прдејци“- Гевгелија, за нејзино функционирање
За ТИР зоната „Прдејци“ се изработува студија за оправданост,
со која треба оваа неактивна зона да биде ставена во функција. Ова беше најавено на работна средба на градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков со директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, при неговата посета на општините Валандово и Гевгелија Во врска со развивањето на модел за привклекување на домашни и странски инвестиции на локално ниво. Во рамки на новиот концепт, со кој ТИРЗ ги проширува можностите за инвестирање и на локално ниво, како и отворање заеднички зони со општините со државна поддршка.
На средбата, Поцков истакна дека Општината веќе вложува во инфраструктурата до Тир- зоната „Прдејци“, со што се забрзува реализацијата на плановите за активирање на оваа зона, која ќе биде доста атрактивна за домашните и.странските инвестиции.
Директорот на ТИРЗ најави дека се изготвува студија за оправданост за ТИРЗ- Гевгелија со која треба оваа засега неактивна зона да се стави во функција.
- Со општините разговараме како да ги вклучиме и нив и заедно да ги подобриме условите за инвеститорите на локално ниво. Сакаме искуството коешто го имаме со странските инвеститори во ТИР зоните да го развиеме на локално ниво за домашни компании. Во партнерство со Општините да вложуваме во подобрена инфраструктура, со која ќе привлечеме квалитетни инвеститори, кои ќе донесат добро платени работни места, особено за младите во Југоисточниот и Вардарскиот регион.
- Сакаме директно да ги слушнеме потребите на домашните бизнисмени со цел да креираме подобри услови за нив и да ги поттикнеме да инвестираат овде, дома. Ова е практичен чекор на изедначување на домашните и странските компании што е дел од новиот концепт на ТИРЗ. И нашите домашни компании ќе ги уживаат истите услуги, поддршка и привилегии, како и странските, истакна Деспотовски.