Детектирани потребите на локалното население во рамки на проектот „Низ женски леќи“
Во рамките на проектот
„Низ женки леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“, чиј носител е Центар за истражување и креирање политики, беше одржана првата онлајн-форумска сесија во Општина Гевгелија. На форумската сесија учествуваа: градоначалникот на општина Гевгелија- Сашо Поцков, претставници на општинската администрација, локалните институции, невладиниот сектор, како и претставници на Месните заедници од општина Гевгелија. Од страна на проектниот тим, составен од претставници на ЦИКП, Едукативно-хуманитарна организација- Штип, Ромска асоцијација на жени и мажи, Рурална коалиција и Здружението „Новинари за човекови права“, учесниците беа запознати со мплементацијата на проектот и главните активности поврзани со Буџетскиот форум, на темата „Специфични потреби на мажите и жените остварени преку процесот на родово одговорно буџетирање“.
Главната цел на оваа прва форумска сесија беше да се дефинираат проблемите и предизвиците според главните општински активности, односно ставки од Буџетот на Општина Гевгелија. Пред дефинирањето, учесниците на форумот од страна на претставник од Одделението за финансии во Општина Гевгелија имаа можност да бидат запознати со структурата на Буџетот на Општина Гевгелија по конкретни програми и потрпрограми. А, потоа во креирани работни соби предвидени за тимска работа со по 3-8 претставника да ги претстават социо-економските интереси и гледишта на граѓаните лреку дефинирање на 3 до 5 проблеми. И тоа, од следниве области: Социјална заштита, Образование и воспитно-образовни институции; Здравствена заштита и заштита од заразни болести; Животна среднина и комунални дејности, Локален економски развој; Урбанизација- изградба на канализациски и водоводни мрежи, локални улици, патишта, инфраструктура; Заштита, спасување и справување со кризи, Туризам, Kултура и Спорт; Родова еднаквост и Општинска администрација. На крајот, детектираните проблеми во работните соби беа презентирани и дискутирани на сесијата.
На следната онлајн- форумска сесија која е закажана да се одржи на 26 мај, на интернет платформата ZOOM, со почеток во 11:00 часот, учесниците ќе имаат можност да дефинираат предлог-решенија за наведените проблеми и предизвици.