Општина Гевгелија ќе аплицира за добивање финансиска поддршка на проекти на Граѓански организации
Советот на Општина Гевгелија, на последната 62 седница,
донесе одлука за кофинансирање проекти на граѓански организации во рамките на јавните повици организирани преку Регионалната програма за локална демократија 2 (ReLoaD2). За таа цел, за да може Општина Гевгелија да аплицира и да добие финансиска поддршка за проекти на Граѓански организации, ќе издвои средства од Буџетот на Општина Гевгелија. Односно, 20 % од вкупниот износ на средства на ГО што ќе бидат распределени на Општината во рамките на проектот. Максималниот износ износ кој може да се распредели на една општина е 83.500 долари.
Инаку, Проектот има за цел да ја зајакне партиципативната демократија и процесот на интеграција на Западен Балкан во ЕУ преку јакнење на граѓанското општество и младите за активно учество во носењето одлуки. Овој повик е отворен за сите општини од седумте плански региони во РСМ кои ги исполнуваат критериумите за овој повик. Избраните општини ќе треба да преземаат одговорност за транспарентна распределба на средствата за проекти на граѓанските организации, овозможувајќи им партиципативен пристап во дефинирањето на локалните приоритети. Додека трае проектот, во секоја партнерска општина ќе се објават три јавни повици за граѓански организации.