Владата со нови олеснителни мерки за КОВИД-19
Владата на Република Северна Македонија,
на 75 седница, ги прифати измените и дополнувањата на рестриктивните мерки согласно препораките на Комисијата за заразни болести, утврдени како предлози на 39 седница на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на KОВИД-19.
Почнувајќи од 1 јуни, утврдени се следните измени и дополнувања:
- Се укинува носењето заштитна маска на отворено и се препорачува да се носи кога лицата се во поголема група. Останува задолжителното носење заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори;
- Се дозволува присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено до 30% од вкупниот капацитет на посетители;
- Се укинува забраната за групирање на јавен простор;
- Се дозволува организирање свадби, прослави, веселби на отворен простор (летни тераси) до максимум 100 лица, но не повеќе од 50% од капацитетот на просторот и до максимум 6 лица на маса;
- Се зголемува бројот на лица на една маса во угостителските објекти од 4 лица на 6 лица со обезбедување дистанца помеѓу лицата на масата;
- Се препорачува укинување на мерката за работа во смени и од далечина и
- Продолжува да важи забраната за движење од 24:00 часот до 04:00 часот, до 15.06.2021 година.
На оваа седница Владата го донесе Протоколот за организирање свадби/прослави и веселби.