Продолжува имунизацијата со „Синовак“ во Општата болница- Гевгелија
По пристигнатата нова пратка со 700 дози
од кинеската вакција „Синовак“, во Општата болница со проширена дејност- Гевгелија продолжува имунизацијата на населението од Гевгелија, Богданци и Дојран, на возраст над 65 години. Директорот на болницата, д-р Митко Крџев, истакна дека дневно ќе се имплицираат по 170 дози од вакцините на двата пункта во поранешното Одделение за кожни и венерични болести и тоа само на лица пријавени преку апликацијата „Мој термин“ кои по добивањето порака треба да се примаат вакцината во закажаниот термин. Покрај ова, директорот Крџев надополни дека во зависност од бројот на пријавените можно е на дневна основа да се намалува и старосната граница на пријавените лица за вакцинација.
Инаку, по стивнувањето на ситуацијата со регистрирање новозаболени од КОВИД-19 во Гевгелија и отпишувањето на последниот пациент од болнички третман, на 31 мај беше затворена КОВИД- Модуларната болница. Во новите статистики на Министерството за здравство на дневна основа, Гевгелија изостанува од списокот на градови со бројка на новозаболени од КОВИД-19. Во последната анализа на Институтот за јавно здравје за состојбата со пандемијата во Република Северна Македонија до 13 јуни, 2021 година, во Гевгелија се евидентирани само 3 активни случаи.