Оглас за времено ангажирање на работници за јавни работи
Општина Гевгелија, по одобрениот проект
од страна на УНДП, распиша јавен оглас за ангажирање на 10 општи работници за уредување на јавно сообраќајни површини и чистење на одводни канали. Согласно условите од прифатената апликација, работниците ќе бидат ангажирани 22 дена за изведување на предвидените работи, согласно поднесената програма. Заинтересираните лица треба да бидат евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за врабтување на РСМ- ПЕ Гевгелија, а пријавите се поднесуваат во просториите на Општина Гевгелија.
Пред пандемијата од КОВИД-19, Општина Гевгелија имаше воспоставено и реализирано соработка со УНДП за ангажирање на општи работници за јавни работи. Тие беа вклучени во одржувањето на зелените површини на Вардарски Рид, Динќут и другите јавни површини, како и на одводниот канал „Рауљ“. На почетокот од годината, од страна на УНДП беше распишан повторно јавен повик за реализација на овој проект, а по прифатената апликација, на Општина Гевгелија и е одобрено ангажирање на 10 општи работници во текот на 22 работни дена. За таа цел, од страна на УНДП ќе бидат обезбедени средства за исплата на ангажираните работници.