Делење вода на граѓаните за справување со топлотниот бран
Деновиве, Општина Гевгелија во соработка со
Црвениот крст- ОО Гевгелија спроведуваат акцијата за делење вода на граѓаните на неколку пункта во Гевгелија. Имено, Општина Гевгелија обезбеди пакети со вода, за справување со топлотниот бран кој ја зафати Гевгелија. Волонтерите од Црвениот крст дистрибуираат вода на граѓаните пред Вакциналниот пункт, во дворот на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност- Гевгелија, а утре акцијата ќе продолжи и на Градскиот пазар.
Општина Гевгелија упатува апел до граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, да се заштитат од директна сончева изложеност и да избегнуваат престој на отворено, особено во попладневните часови кога температурите во Гевгелија достигнуваат и до 40 степени.