Поцков во „Стадион“: - Гевгелија претрпе најмногу економски штети за време на пандемијата
Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков,
гостуваше во едно од изданијата на емисијата „Стадион“ на „Канал 77“, каде што зборуваше за структурата на економијата во општината, за односите со соседите, падот на економијата поради пандемијата од КОВИД-19 и на многу други актулени теми.
- Гевгелија како погранична општина е една од општините која што претрпе најмногу економски штети во екот на Kорона-кризата. Ако пред Kороната, според Агенцијата за вработување која води евиденција за општините Гевгелија, Дојран и Богданци имало само 560 невработени, сега податоците велат дека бројката е зголемена на 2000 невработени лица. Oд оваа вкупна бројка на невработени, 850 лица се отпуштени во казинскиот бизнис, истакна Поцков.
- Во времето на СФРЈ, Гевгелија по Сежана и Белград беше трета најбогата општина според БДП. се должело како прво на степенот на децентрализацијата. Тогаш имаше Извршен совет и сите структури кои денес се или под Централната власт и под ингеренции на локалната власт тогаш биле под ингеренција на Извршниот совет на Гевгелија. Се било локално, и Управата на Царината, и Бирото за вработување и МВР и Општата болница. Тогаш, кадровското екипирање било од страна на локалната власт. Втората причина била што тогаш имало поголем степен на фискална децентрализација. Тогаш, имало три вида даноци-сојузен, републички и општински. Значи, одиме на граница и треба да се плати царина, од износот на тој што треба да плати царина, 33,3% оделе во Белград, 33,3% во Скопје и 33,3 % во општината,“ образложи Поцков. Во своето излагање истакна дека е поборник за поголема децентрализација затоа што од казино-бизнисот Гевгелија не добива ништо.
Од 23 % од давачките кои казино-бизнисот ги дава кон Централната власт, за општините останува само персоналниот данок за вработените и данокот на имот, кој секој од нас го плаќа. ДДВ на централно ниво се полни, а потоа по клуч се враќа по 4 параметри- 4% за сите општини и од таа сума се распределува подеднакво на сите по 4,5 %., истакна градоначалникот Поцков. Тие што се побогати, посилни општини треба да одат напред, да се направи еден фонд за понеразвиените општини, како што било во времето на Југославија кога Словенија и Хрватска го полнеа тој фонд и да се признае можноста, кој е посилен да оди напред, да нема систем на урамниловка. Исто така, сум поборник, делот од давачките на казината од 23%, 3% да остане како што е и до сега за здравството, а од делот што е 20% да се дели 17% на Централниот буџет, а 3% на Општинскиот буџет.
Нагласи дека е против новиот Закон за игрите на среќа, но не во целост:
- Сакам да се издвојат казината, хотелите-казина со 5 ѕвезди од останатите. Не може хотелите-казина да имаат ист третман со кладилница која е земен дуќан под кирија од 200-300 евра бидејќи локалната економија на општината зависи во голема мера од тие казина, како и од престојот на Грците.