Утре, прекинато водоснабдување од „Мрзенски пат“ до Негорски Бањи
Утре (8 јули, 2021 година), прекин во водоснабдувањето
ќе имаат корисниците што се наоѓаат на „Мрзенски пат“, жителите на Мрзенци, индустриската зона „Блокотехна“ и Негорските Бањи, поради реконструкција на водоводната линија кај поранешната фабрика „Зора“. Прекинот ќе започне во 05:00 часот, а ќе трае до завршувањето на изведбените работи за санирање на дефектот.