Повторена јавна презентација и јавна анкета за Предлог-Урбанистички план за Миравци, ОГ, 2018-2028
Општина Гевгелија организира повторена јавна презентација
и јавна анкета за Предлог-Урбанистички план за населено место Миравци, општина Гевгелија, плански период 2018-2028 година. Повторената јавна презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи во ООУ „Климент Охридски“- Миравци, на 16.7.2021 година (петок), со почеток во 09:30 часот, согласно мерките за заштита од Корона вирусот. Предлог-Урбанистички план за населено место Миравци, општина Гевгелија, плански период 2018-2028 година ќе биде изложен во просториите на Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина на Општина Гевгелија и јавната анкета ќе трае 5 работни дена, односно од 16.7. до 23.7.2021 година, секој работен ден од 08 до 16 часот.
Предлог-Урбанистички план за населено место Миравци, општина Гевгелија, плански период 2018-2028 година зафаќа површина од 124,65 ха. Предметниот плански опфат е дефиниран со следните граници:
Од север кон североисток по североисточната страна на надворешниот тротоар на сервисна улица „1“ се до пресек со магистралната улица низ населено место - село, регионалниот пат Р-1102 од каде почнува да се симнува кон југ по источната страна на надворешниот тротоар на магистралната улица низ населено место - село регионалниот пат Р-1102, се до пресекот со обиколницата.
Оди по југоисточната надворешна страна на истата се до КП бр.2633/2, каде ги сече КП бр.2633/3 и КП бр.2633/2, па оди по североисточната, источната и југоисточната страна на КП бр.2633/2, ја заобиколува КП бр.2634/1 по нејзината источна и југоисточна страна ја сече КП бр.2001/13 и обиколницата.
Тргнува кон запад сечејќи ја КП бр.2001/1 се до КП бр.1996, оди по нејзината југозападна и западна страна ја сече КП бр.2001/1 па оди по јужната и западната страна на КП бр.1997, ја сече КП бр.2001/1 оди по југозападната страна на КП бр.1998 повторно ја сече КП бр.2001/1 па оди по југозападната страна на КП бр.1999, повторно ја сече КП бр.2001/1 па оди по јужната страна на КП бр.2000 и повторно ја сече КП бр.2001/1 па оди по југозападната страна на КП бр.7004 се спушта по југоисточната страна на КП бр.7004 се спушта по југоисточната страна на КП бр.7068, па до југоисточната страна на КП бр.7069, повторно ја сече КП бр.2001/1, па оди по југозападната страна на КП бр.7064 и КП бр.7055, ја сече КП бр.7063 оди по југозападната хадворешна страна на тротоарот на станбена улица „7“, се спушта кон југ заобиколувајќи ја КП бр.7065/2 по нејзините југоисточни и југозападни страни и оди кон запад по југозападната страна на КП бр.2059 и КП бр.4611.
На запад почнува да се искачува по југозападната и западната страна на КП бр.7052/2, југозападната, западната и северозападната страна на КП бр.7053/2. Ги сече КП бр.7050/2 и КП бр.7050/1, оди по западната страна на КП бр.7049 и КП бр.7044, ја сече КП бр.7043/1, оди по југозападната и западната страна на КП бр.7042 ја сече КП бр.7041 и оди по нејзината југозападна и северозападна страна, па оди по југоисточната и југозападната страна на КП бр.7040, се спушта по северозападната страна на КП бр.7045/1, ги сече КП бр.7039, КП бр.1911/1, КП бр.1727 и КП бр.1729, оди по северозападната страна на КП бр.6402, ги сече КП бр.6403 и КП бр.6670, оди по југозападната страна на КП бр.6397, па по северозападната страна на КП бр.6399, ја сече истата, па оди по нејзината северозападна страна, па по југозападната страна на КП бр.6395/2, по северозападната страна на КП бр.6393, КП бр.6397 и КП бр.6400, ја сече КП бр.6394, оди по југозападната страна на КП бр.6393, повторно ја сече КП бр.6394, го сече постоечкиот пат со КП бр.4604, па оди по северозападната и североисточната страна на надворешниот тротоар на станбената улица „14“. Оди по северозападната и западната страна на КП бр.6392, ја сече КП бр.6375 и КП бр.6406, оди по северната страна на КП бр.6408, КП бр.6409, КП бр.6410, па оди по северозападната страна на КП бр.6405 и КП бр.6374/1. Продолжува нагоре по западната, југозападната, северозападната и северната страна на надворешниот тротоар на станбената улица „18“, се до КП бр.6225/2, од каде се искачува кон север по северозападната страна на КП бр.6225/2 и КП бр.6224, па оди кон исток по северната страна на КП бр.6224 и североисточната страна на КП бр.6225/3, па се искачува нагоре сечејќи ги КП бр.6223, КП бр.6226/1, КП бр.6221, КП бр.6226/2 и КП бр.6217. Се спушта надоле по северозападната и североисточната страна на КП бр.6218, оди нагоре по северозападната страна на КП бр.6279/1 и КП бр.6205, ги сече КП бр.6292, КП бр.6200/3 па оди по северозападната страна на КП бр.6200/2, по северната страна на КП бр.6200/1, па повторно се искачува по западната, северозападната и северната страна на надворешниот тротоар на станбената улица „20“. Повторно се искачува по западната страна на надворешниот тротоар на сервисна улица „2“ се до појдовната точка на опфатот.
Во спомнатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени заблешки, предлози и мислења на анкетните листови кои можат да ги подигнат во Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина при Општина Гевгелија или преку информацискиот систем е-урбанизам.