Утре, Советот на Општина Гевгелија ќе го разгледува кварталното извршување на Буџетот
Советот на Општина Гевгелија, на 20 јули, 2021 година (вторник),
ќе ја одржи својата 64 седница. Седницата на Советот ќе се одржи во Големата сала на Советот на Општина Гевгелија, со почеток во 12:00 часот, со почитување на протоколите за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот. На седницата, членовите на Советот ќе работат по следниот дневен ред:
1. Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2021 година, за периодот од 01.04.2021 година до 30.06.2021 година (кумулативно),
2. Предлог-Одлука за примање донација од Државна видеолотарија - „Аустриа Касинос“ ДОО Скопје во уредување-реконструкција на мултифункционален терен за ракомет, фудбал, кошарка и изградба на детски парк во Гевгелија,
3. Предлог-Решение за разрешување и избор на член на Комисијата за финансирање, буџет и Локален економски развој при Советот на Општина Гевгелија,
4. Предлог-Решение за разрешување и избор на член на Комисијата зa функционирање на системот за локална самоуправа при Советот на Општина Гевгелија,
5. Предлог-Решение за именување членови во Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Гевгелија,
6. Предлог-Заклучок за усвојување на полугодишниот извештај за состојбата со безбедноста во сообраќајот на патиштата на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност - Гевгелија за 2021 година,
7. Информација за состојбата со занаетчиската дејност во општина Гевгелија,
8. Разгледување на Предлог-Иницијативата од наставниците од ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија и ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за исплата на надоместок за прекувремената работа за учебната 2020/2021 година.
9. Предлог-Одлука за давање согласност на Измената на Годишниот план за вработување во Општина Гевгелија за 2021 година,
10. Предлог-Одлука за исплата на финансиски средства од Буџетот на Општина Гевгелија за 2021 година,
11. Предлог-Одлука за поништување на постапката за доделување на Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за реконструкција на јавното осветлување во Општина Гевгелија преку воведување мерки за енергетска ефикасност според ЕСКО модел.