Објавен Јавниот оглас за вработување образовни асистенти
Oсновното учичилиште со ресурсен центар
„Св. Климент Охридски“- Ново Село објави Jавен оглас за вработување на 80 стручни соработници - приправници образовни асистенти кои ќе бидат вработени на определено работно време во учебната 2021/2022 година за работа со ученици со попречености во основните училишта во следните општини: Берово, Пехчево, Делчево, Виница, Зрновци, Кочани, Македонска Каменица, Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово, Струмица, Ново Село, Босилово, Василево, Чишиново Облешево, Конче и Радовиш.
Огласот трае 3 (три) работни дена, од денот на објавувањето, документите се доставуват до архивата на Основното училиште со ресурсен центар Св. Климент Охридски“- Ново Село, улица „Маршал Тито“ бр. 103, Ново Село, поштенски број 2434 општина Ново Село, со назнака „јавен оглас за образовен асистент“. Целосниот текст за Jавен оглас на следниов линк: Jавен оглас за вработување на 80 стручни соработници - приправници образовни асистенти.
За првпат, годинава, почнувајќи од новата учебна 2021/2022 година, преку Министерството за образование и наука, ќе бидат ангажирани лица- образовни асистенти. Нивната улога ќе биде образовна асистенција за учениците со попреченост активно да учествуваат во воспитно-образовниот процес.
Ангажманот на образовните асистенти за Југоисточниот плански регион, каде припаѓа и нашата општина, ќе се реализира преку ООУ со ресурсен центар „Св. Климент Охридски“- Ново Село, а услугата ќе се спроведува во основните училишта на подрачјето на општина Гевгелија.