Досега, прва доза вакцина примиле 8.666 граѓани, а ревакцинирани се 2.321
Според статистиката на Општата болница со
проширена дејност- Гевгелија, која ги покрива општините Гевгелија, Богданци и Дојран, досега прва вакцина примиле 8.666 граѓани, додека ревакцинирани се 2.321 граѓанин. На двата вакцинални пункта во Општата болница во Гевгелија, прва доза вакцина против КОВИД-19 примиле 7.398 граѓани од општините Гевгелија, Богданци и Дојран. Додека, ревакцинирани се 2.321 граѓанин.
Заклучно со петок, преку теренската вакцинација прва доза вакцина против КОВИД-19 примиле 1.268 жители и тоа од населените места: Богородица; Стојаково, Селемлија, Милетково, Миравци, Давидово, Габрово, Петрово, Негорци, Кованец, Нов Дојран, Стар Дојран, Мрзенци, Прдејци, Смоквица, Николиќ, Црничани, Ѓопчели, Фурка и Ѓавото. Теренската вакцинација денеска продолжува во Богданци, а завршува утре во населените места Моин и Ново Конско.
27 јули, 2021: 08:00-10:00 ч.- Моин;
10:00-12:00 ч.- Ново Конско.
Населението не постаро од 60 години се вакцинира со кинеската вакцина „Синовак“, додека населението од 60 години нагоре со „Астра Зенека“. За децата и младите од 12 до 17-годишна возраст имунизацијата е со вакцината на „Фајзер“. Со согласнот на родителите и добиен термин по претходно пријавување на апликацијата vakcinacija.mk.