Одобрени средства на ООУ „Климент Охридски“- Миравци за реконструкција на дел од кровот
На ООУ „Климент Охридски“- Миравци му се одобрени
финансиски средства од Министерството за образование и наука на РСМ за реконструкција на кровот од источното крило на училишната зграда. Имено, Училиштето се најде на ранг-листата меѓу 36 училишта од државата кои доставија апликации на проекти до 15 април, 2021 година, за реновирање на училишни објекти на општинските основни училишта, на Јавниот повик од МОН.
Директорката на ООУ „Климент Охридски“- Миравци, Васка Ефтимова, истакна дека со овој проект значително ќе бидат подобрени условите за престој на учениците. Бидејќи, уште од самата изградба на училишната зграда, кровот при обилните дождови прокиснува, а самата влага предизвикува материјална штета во училниците на горниот кат. Исто така, директорката најави дека е изработен проект и за реконструкција на кровот на Подрачното училиште „Ристо Динев“ во населеното место Милетково. За што ќе биде распишана тендерска постапка за избор на изведувач. Проектот ќе се реализира со финансиски средства од Буџетот на училиштето.
Додека, во OOУ „Климент Охридски“- Миравци, на вториот кат во тек се опремување на санитарните јазли со нови плочки и изведбени работи за санирање на одводната инсталација.