Преку теренската вакцинација се имунизирале 1.554 лица
Преку теренската вакцина која се реализираше
од 14 до 27 јули, 2021 година во населените места од општините Гевгелија, Богданци и Дојран, се вакцинирале вкупно 1.554 лица. И, тоа од: Богородица, Стојаково, Селемлија, Милетково, Миравци, Давидово, Габрово, Петрово, Негорци, Кованец, Нов Дојран, Стар Дојран, Мрзенци, Прдејци, Смоквица, Николиќ, Црничани, Ѓопчели, Фурка, Ѓавото, Богданци, Моин и Ново Конско. Теренската вакцинација ја реализираше медицински тим од Општата болница со проширена дејност- Гевгелија, секој работен ден, согласно изработениот план и распоред за вакцинирање на жителите во населените места.
Имено, вкупната бројка на вакцинирано население со прва доза против КОВИД-19 од трите општини за кои е надлежна Општата болница- Гевгелија до понеделник изнесуваше 8.666 лица, а бројот на ревакцинирани- 2.321. Во тек е масовното вакцинирање на граѓаните без закажување термин и на млади и деца на возраст од 12 до17-годишна возраст со закажан термин.