Црвен крст- ОО Гевгелија со уште една акција за крводарување, како дел од турнирот во Миравци
Црвениот крст- ОО Гевгелија продолжува со
Граѓанските крводарителски акции. Во соработка со Службата за трансфузиона медицина, крводарителската акција ќе биде реализирана на 5 август, 2021 година, во населеното место Миравци, на спортското игралиште, како дел од традиционалниот турнир во мал фудбал „КМФ 2021“. Акцијата ќе започне во 20 часот, а ќе трае до 24:00 часот. За повеќе информации граѓаните кои се заинтересирани да ја даруваат својата крв да се јават на следниве броеви: 077 750 120 и 077 699 036.
Од раководството истакнаа дека на оваа Крводарителска акција, еден крводарител по пат на извлекување ќе добие главна награда- патување за двајца на островот Крв. За останатите ќе следат награди и симболично внимание во знак на благодарност за нивната хуманост.
- Изразете ја вашата хуманост и солидарност преку дарување крв! Вашата крв спасува живот. Крвта е незаменлив лек, секондневно потребна за да е продолжат многу животи. Проверете го вашето здравје, дарувајте мал дел од вашата крв. Придружете ни се! Да даруваме крв денес зашто утре можеби и нам ќе ни треба, апелира гевгелискиот Црвен крст, истакнувајќи дека во наредниот период ќе ја интензивира кампањата за дарувањето крв.