„Микродонија“- Холандија со неколку донации за Општина Гевгелија
Oпштина Гевгелија е примател на донација од „Микродонија“,
од Кралството Холандија. Имено, донацијата од „Микродонија“ е дел од соработката со здружението на граѓани „Чејнџмејкерс“- Гевгелија, кои за потребите на пожарникарите од ТППЕ- Гевгелија донираа 20 пара летни униформи. За потребите на Општина Гевгелија, за збогатување на спортските игралишта со реквизити, од „Микродонија“ пристигнаа и патеки за мини-голф во различни облици и дополнителни декоративни елементи наменети за патеките. Патеките за мини-голф ќе бидат монтирани со помош на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија на игралиштето кај Старата касарна. Додека, за учениците од ООУ „Климент Охридски“- Миравци, за потребите на наставата по Спорт и спортски активности, донирани е спортска опрема, како мајци, шорцеви и тренерки, и 1 гол за мал фудбал. А, во Општата болница со проширена дејност- Гевгелија, донирани се хепа-филтри.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, изрази голема благодарност до ЗГ „Чејнџмејкерс“- Гевгелија за соработката со Општина Гевгелија кога станува збор за донациите. Затоа што не е првпат, благодарение на ангажираноста на здружението и нивната дологодишната соработка со „Микродонија“, Чејнџмејкерсите да ги помагаат повеќето локални институции со донации, согласно нивните потреби.