Општина Гевгелија избрана да учествува во проектот „ReLOaD2“
Oпштина Гевгелија е избрана да учествува во проектот
„ReLOaD2”, за што аплицираше на Јавниот повик за избор на општини за учество во Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2) во Северна Македонија. Од 18 општини од 7-те плански региони кои аплицираа на повикот, врз основа на критериумите, Општина Гевгелија е избрана со уште други 4 општини да учествува во втората фаза на проектот, за што градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, ќе потпише Меморандум за соработка. Одлуката за понатамошната соработка е донесена од Одборот на партнери, кој вклучува претставници од Делегацијата на Европската Унија, УНДП, Министерството за локална самоуправа, ЗЕЛС, граѓанскиот сектор и Проектот за техничка поддршка на граѓанските организации на Западен Балкан (TACSO3).
Програмата има за цел да ги зајакнува капацитетите на општините и на граѓанските организации да воспостават долготрајни партнерства и да придонесуваат за подобрено давање услуги и реализација на локланите приоритети.
Општината за да аплицира на проектот, Советот на Општина Гевгелија донесе Одлука за кофинансирање на проекти на Граѓански организации во рамките на јавните повици организирани преку Регионалната програма за локална демократија 2 (ReLoaD2), која е продолжение на партнерството помеѓу ЕУ и УНДП. Локалната самоуправа ќе кофинансира проекти од минимум 20% од вкупниот износ на средствата на ГОи што ќе бидат распределени, во максимален износ од 83.500 долари.