Се бетонираат три улични краци во Богородица и еден од ул. „Ѓорги Стамов“ во Гевгелија
Согласно Програмата за изградба, реконструкција, рехабилитација,
одржување и заштита на општинските патишта и улици во Општина Гевгелија, во населеното место Богородица во тек се изведбените работи за подобрување на патната инфраструктура на две улици. Имено, станува збор за бетонирање на два крака од улицата „Филип Втори Македонски“ и улицата „Маршал Тито“. За што, изведувачот, градежната фирма „Пелагонија Тириц“, која на тендерската постапка даде најповолна понуда, со својата механизација работат на терен, изведувајќи ги подготовките за бетонирање на трите крака.
Исто така, „Пелагонија Тириц“ ќе го изведува и бетонирање на оштетениот крак од улицата „Ѓорги Стамов“, напоредно ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија. За што, ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија со својата механизација го поготви теренот. По бетонирањето, ќе бидат подобрени условите за одвивање на сообраќајот на истиот и надминат отежнатиот пристап на граѓаните кои живеат на истоимената улица поради големите пукнатини.
Годинава, во општина Гевгелија преку акцијата на Општина Гевгелија за подобрување на патната инфраструктура, се асфалтирани двете значајни сообраќајници „Гоце Делчев“ и „Иднина“ во Миравци, патниот правец Негорци-Кованец, а се асфалтираат и улиците во станбената населба „Караорман“ во Гевгелија- „Апостол Петков“ и „Павел Шатев“. Бетонирани се повеќе краци во Гевгелија и населените места: на улица „Ристо Јанев“ и еден од улица „Маршал Тито“ во Миравци, од улицата „Ѓорги Сугаре“ во Гевгелија, потоа, крак од улицата „Ѓорги Стамов“, сокачето напоредно до ООУ „Владо Кантарџиев“, крак од улица „Никола Карев“, два крака од улица „Кожуф“, два крака од улицата „Серменинска“, тротоарот на улица „Ѓорѓи Стамов“, крак од улицата „Белградска“- пристапниот пат позади Детската градинка „Детска радост“, крак од „Деко Ковачев“, крак од „11 Октомври“, по еден крак од улиците „Ристо Јанев“ и „Кузман Шапкарев“. Исто така, извршено е бетонирање на краци и во населените места Богородица и Петрово.