Во ОБ- Гевгелија, против КОВИД-19 се вакцинирале 11.145 граѓани
Согласно направениот пресек од Општата болница
со проширена дејност- Гевгелија, која ги покрива општините Гевгелија, Богданци и Дојран, заклучно со 27 август, 2021 година, на двата Вакцинални пункта во ОБ- Гевгелија прва доза вакцина против КОВИД-19 примиле 11.145 граѓани. Додека, ревакцинирани се 6.493 лица. Во рок од една недела, од 20 до 27 август, бројката на вакцинирани се зголемила за 558 лица, а на ревакцинирани за 101 лице.
Што се однесува до здравствениот билтен на општина Гевгелија, расте бројот на детектирани нови случаи. И, истата до 27 август изнесува 109. Од кои, 82 се од Гевгелија, Богданци-25 и Дојран-2. Од Општата болница- Гевгелија и Центарот за јавно здравје- Гевгелија апелираат до граѓаните за зголемување на свесноста кај граѓаните во однос на почитување на мерките за претпазливост (носење маска во затворено, држење дистанца и хигиена и одбегнување на посети на места каде има поголемо собирање), како и вакцинирање, како најсигурна заштита од потешки последици од Делта сојот на Корона вирусот.