Прием и честитки за првачињата во сите основни училишта
Во сите четири основни училишта во општина Гевгелија денес беше организиран свечен прием за првачињата, со пригодна програма, што ја подготвија нивните постари другарчиња.
Во сите четири основни училишта во општина Гевгелија денес беше организиран свечен прием за првачињата, со пригодна програма, што ја подготвија нивните постари другарчиња. Тие им посакаа добредојде и успешен почеток од нивното животно образование и воспитување. Со песна и игра учениците од поголемите одделенија им го развеселија првиот училишен ден на првачињата.
На приредбите во основните училишта „Крсте Мисирков“ и „Владо Кантартџиев“ во Гевгелија присуствуваше и градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков. Тој на сите првачиња им го честита првиот училишен ден и им посака многу успех во натамошното школување. За нас како општина е многу значајно да образуваме и воспитуваме млади луѓе, кои од првите училишни денови ќе се стекнат со основни знаења, кои ќе ги надградуваат, успешно вклучувајќи се и станувајќи дел од општествената заедница, рече Поцков. Притоа, ги поздрави напорите на сите училишта првачињата и учениците да ги пречекаат во подобрени просторни услови, а за која цел во текот на летните месеци беа спроведени повеќе активности.
Градоначалникот на општина Гевгелија на сите 202 првачиња им подари училишен прибор на првиот училишен ден.