Првиот училиштен ден без никакви проблеми во гевгелиските училишта
По повод почетокот на новата учебна година
и првиот училиштен ден, градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, заедно со претставник од општинската администрација при Одделението за образование, беше во посета на ООУ „Владо Кантарџиев"- Гевгелија, каде приемот на првачињата и останатите ученици се одвиваше согласно проколите за организирање настава за време на пандемија.
Во дворот на училиштето, се обрати кон првачињата, посакувајќи им успешен и лесен почеток и среќно поминати дни во училиште со своите нови другарчиња и наставници. Исто така, на сите наставници, вработени и ученици од сите основни училишта во општина Гевгелија и средното општинско училиште им го честита почетокот на новата учебна година, посакувајќи им да ја реализираат и следат во добро здравје, остварувајќи бројни успеси на секое поле од воспитно- образовниот процес.
Имено, за сите 236 првачиња во четирите гевгелиски основни училишта, Поцков обезбеди мало внимание- подароци со училиштен прибор, кои наставниците им ги поделија на првачињата во училниците. Градоначалникот ја изрази својата благодарност и до „Халк банка" која исто така обезбеди подароци со училиштен прибор за гевгелиските првачиња. Но, и благодарноста до сите директори за преземените активности во училиштата за заштита на здравјето и безбедноста во време на пандемија.
На првиот училиштен ден, во сите основни училишта, пречекувајќи ги првачињата и останатите ученици од погорните одделенија по однапред утврдениот распоред за влез во училниците, се обратија и директорите со честитка за новата учебна година. Додека, во СОУ „Јосиф Јосифовски"- Гевгелија, честитката и обраќањето на дирекорот професорите и учениците ги слушаа на разглас.
Првиот училиштен ден во гевгелиските училишта помина без никакви проблеми, со доследно почитување и спроведување на протоколите. За таа цел, беа ставени во функција сите влезови на училишните објекти, се почитуваше носењето заштитна опрема и пропишаното растојание за физичка дистанца. А, се мереше температура на секој вработен и ученик. Пред почетокот, училиштата ги обезбедија сите услови за основна хигиена, а беше извршена и дезинфекција, дезинсекција дератизација во просториите на образовните институции.