Продолжува обновувањето на хоризонталната сообраќајна сигнализација во општина Гевгелија
Продолжува втората фаза од реализацијата на
годинашната акција за обновување на улиците со хоризонтална сообраќајна сигнализација во општина Гевгелија. Фирмата „МС СТОП ИНЖЕНЕРИНГ“, која годинава беше избрана со најповолна понуда на тендерската постапка, со својата механизација продолжи со обновувањето на хоризонталната сигнализација во централното подрачје на Гевгелија. Имено, на главната сообраќајница во централното подрачје „Димитар Влахов“ се обележани паркинг-просторот спроти Основниот суд, како и такси-стојалиштето пред Градскиот плоштад, пешачките премини, осовинските линии и стоп-линиите. Според договорот, во општина Гевгелија обележувањето на хоризонтална сообраќајна сигнализација се врши на површина од 9.400 метри квадратни,
Исто така, во рамките на годинашната акција за обновување на улиците со хоризонталната сообраќајна сигнализација, се обележуваат и фудбалските и кошаркарски игралишта на површина од 1200 метри квадратни. Обележувањето на игралиштата продолжува во населените места.
За реализацијата на оваа акција, Општина Гевгелија издвои 1.082,882 денари без ДДВ од Општинскиот буџет.