Утврден редоследот за поставување изборни плакати во текот на кампањата пред Локалните избори 2021
Во Општина Гевгелија денес беше извршено ждребување
за утврдување на местата на кои ќе бидат истакнати изборни плакати како дел од кампањата пред Локалните избори 2021 година. На јавниот повик организиран од страна на Општина Гевгелија се пријавија 6 политички партии. На денешното ждребување, општинската комисија, со присуство на овластените претставници од политичките партии, ги утврди местата за истакнување изборни плакати.
На ждребувањето беше утврден следниот редослед:
- ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ на местата обележани со број 1;
- СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за нашата општина“ на местата обележани со број 2;
- ИНТЕГРА- МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА на местата обележани со број 3;
- „ГРУПА ИЗБИРАЧИ“ Томче Ќичуков на местата обележани со број 4;
- ЛЕВИЦА на местата обележани со број 5;
- Движење „Одлучно за промени“- ЛДП и ДОМ на местата обележани со број 6.
Имено, врз основа на спроведеното ждребување, организаторите на предизборната кампања ќе истакнуваат плакати на следниве места: бетонската ограда на Градскиот стадион, на источната страна од старото Градско пазариште, бетонските столбови на натпатникот на влезот во Гевгелија и бетонскиот потпорен ѕид во центарот на Миравци. Исто така, организаторите на предизборната кампања ќе можат да постават и паноа на градското шеталиште помеѓу жардинериите обележани со истите редни броеви. По завршувањето на изборите, учесниците се должни во рок од 30 дена да ги отстранат плакатите од дозволените места.